Рускиот претседател Владимир Путин е речиси невозможно да биде прислушкуван затоа што тој не користи смартфони и месенџер, а ретко кога седнува да користи интернет.
Руските новинари дури во еден момент го запрашаа дали тој воопшто знае што е тоа „Јутјуб“. Путин изјавил дека на накој начин ѝ тој користел интернет како обичниот човек.
Во 2017 година, Викиликс објави обемна количина податоци поврзани со шоионажата направена на Путин. Од ЦИА прочирија документи со по пет скриени виртуелни точки за шпионажа, под шифираното име PocketPutin.
Хипотетички со помош на тие точки би можно да се следи уредот кои го користи рускиот претседател, на примет комјутерот или мобилниот телефон.
„Ваквите информации се вредни за внимание“, бил краткиот коментар од Кремљ, кој додал дека Вашингтон ѝ не се трудел премногу да ги сокрие своите активност за прислушувањето на руските официјални лица, така што од таму одговориле дека Викиликс и не морал толку да се труди за да открие вакво нешто.
Другите ги прислушкувале, но Путин не можеле, велат од Кремљ. За да странските известувачки служби или телефонските експерти, стигнеле до Путин, тие морале да му се приближат многу блиску.
„Кога би имал мобилен, тој никогаш не би престанал да ѕвони, а по дома, кога и да заѕвони телефонот, јас никогаш не ја кревам слушалката“, бил одговорот на Путин за тоа зошто не користи мобилен телеон.
Постои правило за кое нема исклучок. Путин како шеф на државата разговара само преку заштитена телефонска линија, односно старомодниот жол телефон, кој постојано му стои на масата.
Неговата заштита е невозможно да се „провали“, затоа што гласот кодира во дигитален сигнал со помош на сложен криптографски алгоритам. Потребни се години за да истиот тој алгоритам се дешифрира.
Бесмислено е да се дешифрира, затоа што во текот на разговорот, тој ист алгоритам повеќе пати во различни временски интервали се менува по принцип на случаен избор. Тој систем го направиле руски експерти за безбедност. Поради тоа известувачките служби можеле да ја прислушкуваат Ангела Меркел и нејзините уреди со американски делови и американски софтвер, но Путин не можеле.
Но, дури и тоа што е невозможно и бесмислено, не било доволно за експертите по комуникација од Кремљ. Тие бие задоволни само ако прислушкувањето не е возможно да се изведе по законите на физиката. Затоа во 2015 година, за развој на заштитена линија на квантна врска и за други проекти со квантна технологија, од буџетот извдвоиле 230 милиони рубљи, околу 3,5 милиони долари. Ваквата технологија е речиси веќе готова.
Во таков систем податоците се пренесуваат со помош на фотон и за да се препознаат потребно е да се промени нивната состојба, а тоа не е можно да се направи неприметено. Од Кремљ велат дека таква е природата.
За разлика од Трамп, кој во Белата куќа додека разговара на телефон е опкружен од помошници и советници, Путин додека разговара на телефон е сам. Ретко кога околу него присуствува само еден помошник за меѓународни прашања. Се случува тоа да биде ресорен министер, доколку станува збор за нафта или гас.
Покрај тоа, некаде во Министерството за надворешни работи седи професионален преведувач, кој е приклучен на истата линија. Но, само двајца максимум се на линија, Путин и уште еден.
Предлогот да се изврши телефонскиот разговор на почетокот се испраќа преку дипломатски канал од Министерството за надворешни работи или низ администрацијата на рускиот претседател. Директно Путин може да телефонира само со неколку личности, како што е министерот за одбрана.
Тоа се луѓе во чиј кабинет стои истиот тој жолт телефон со специјална линија. Но и во тој случај најпрво се јавуава секретарот. Од друга страна Путин може да телефонира по специјална линија, од каде сака. Било тоа да е авион, автомобил, подморница или од омиленото место во шумата во републиката Тува.
Путин често е во посета на други држави, а со неговиот авион постојано ллета уште еден за специјална врска. Дури и со тешко болното дете кое имаше голема желба да влезе во авионот на Путин, претседателот разговарал преку заштитена линија.
На работната маса на Путин стои и апарат со тефтер на кој се запишани презимињата на луѓето со кои Путин често телефонира, како министрите и губернаторите.
Најпознатите руски „телефонски хулигани“ Вован и Лексус (тоа им се надимаци) успеале да измамат голем број на државнци на други земји и други познати личности, така што им телефонирале и лажно се претставувале.
Ги измамиле на пример турскиот претседател Ердоган, украинскиот претседател Петар Порошенко, Елтон Џон и голем број јавни личности. Велат дека засега немаат потврда за таков телефонски трик со Путин.
Администрацијата на Путин ги познава многу добро и едните и другите. Познати му се ѝ на самиот Путин. Иако тие се убедени дека постојат одредени шеми кои можеби би запалиле во случајот со прислушувањето на Путин.
„Користењето на смартфон е некој вид на доброволен егибиционизам. Тоа е целосна транспарентност. Штом го земете во рацете смартфонот, вие без никакви сомненија потцртувате потврда дека сте подготвени своите податоци да ги изнесете на увид во јавноста“, изјавил портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
Според тоа, претседателот не може да користи смартфон, особено не претседател на така голема земја како што е Русија. Прашањата поврзани за смартфонот на Путин, го мачат портпаролот на рускиот претседател секоја година. Тој секогаш е принуден на новинарите да им го даде истиот одговор.