Кога жените ја губат желбата за секс: Неколку вистини за либидото

Алармантно се зголемува бројот на жени кои во подолг или пократок период во животот го губат сексуалниот нагон, а научниците ја бараат причината поради намалувањето на женското либидо.

Иако жените можат да останат без желба за секс во било кој период од животот, промените како раѓање на дете или менопауза играат голема улога во тоа. А кога жената ќе го изгуби интересот, последиците за неа и односот со партнерот можат да бидат катастрофални.

„Без никакво сомневање, тоа понатаму предизвикува депресија и главоболки, други здравствени нарушувања и на прв поглед неповрзани физички проблеми. Добриот секс е важен елемент на доброто здравје кај жените“, вели Мајк Перин, сексуален психотерапевт од Лондон.

Според експертите, главен виновник за намаленото либидо е намаленото ниво на тестостеронот. Во телото на здрава, млада жена има 10 пати повеќе тестостерон отколку естроген, а овој машки хормон делува на расположението, енергијата и либидото, исто како и кај мажите.

Производството на хормонот се стимулира со редовен секс, а кога една жена ќе ја изгуби желбата за секс, тоа може да влијае во понатамошниот живот.

Живееме со брзо темпо, во време кога луѓето се борат да ја задржат работата и секојдневно се соочуваат со различни извори на стрес, а токму стресот може да влијае на желбата за секс.

Кога организмот е под стрес, го лачи хормонот кортизол кој го зголемува производството на пролактин, „хормон на целибат“ односно хормон што го намалува либидото.

Многу жени сè повеќе се одлучуваат на природни афродизијаци како гинко билоба, кантарион и други средства, додека некои се задоволни од третманите со акупунктура, психотерапија и употреба на различни билки.

Недостигот на женското либидо може да се лечи и треба да се сфати сериозно, иако и понатаму владее мислењето дека не е проблем за здравјето на жените.

Scroll to Top