Не мора да се подложувате на козметичка хирургија, направете домашен производ за зголемување на усните и уживајте во ефектот што го добивате.
Полните усни отсекогаш биле популарни и сè повеќе жени денес се одлучуваат за интервенција за зголемување на усните, додека други бараат безболни и поевтини методи. Но, можете да направите природен производ дома кој ќе ви помогне.
Овој производ се состои од витамин Е, кој ги регенерира усните, правејќи ги здрави и меки; и масло од цимет, кое го стимулира протокот на крв во усните, правејќи ги да изгледаат пополни. Значи, комбинацијата од овие две состојки е совршена за нашиот план.
Она што ви е потребно за да го подготвите овој препарат е:
- рамна лажичка масло од цимет (ако немате масло, можете да користите и цимет во прав, но наместо една цела лажичка, ќе ставите половина)
- три рамни лажички течен витамин Е
- мал сад
- шише за чување на маската
Измешајте една лажичка масло од цимет со три лажички витамин Е во садот што сте го подготвиле. Ставете го садот над тенџере со врела вода, така што смесата ќе се загрее со помош на пареа. Откако смесата ќе се загрее, ставете ја во шише за складирање, протресете и оставете ја да се олади.
Нанесете го овој препарат на секои два часа, со нанесување неколку капки на усните и масирање. Сигурно ќе забележите дека волуменот на вашите усни се зголемил, меѓутоа, ефектот не е траен, туку трае само откако препаратот ќе дејствува.
Поради циметот, може да почувствувате пецкање и печење по употребата на смесата. Ова е нормална реакција на усните и нема потреба да се грижите ако почувствувате вакво или слично чувство. Всушност, тоа значи дека производот делува.
Ако забележите дека вашите усни пукаат и се лупат – ова е знак дека треба да престанете да го користите овој производ. Оваа реакција всушност може да биде алергиска реакција на масло од цимет. Едноставно исплакнете ги усните со вода и нанесете балсам за усни или било кој хидратантен крем.
фото: принтскрин