Божиќни колачиња со цимет

Состојки:
500 гр брашно, 1 прашок за печиво, 100 гр шеќер, 120 гр путер, 150 гр мед, 1 јајце, 1 ванилин шеќер, 2 лажици цимет.

Глазура:
1 белка од јајце, околу 100 лажици шеќер во прав

Подготовка:
Комбинирајте брашно со прашок за печиво, сода бикарбона, цимет. На тивок оган растопете ги путерот, медот и шеќерот, па  во брашното додадете го јајцето. Замесете тесто и оставете го во фрижидер еден час. Размесете кора и направете форми на колачиња по ваш избор.

Се пече во загреана рерна на 180 степени додека рабовите не заруменат. Кога ќе се изладат, подгответе ја глазурата и покријте ги колачињата.

Scroll to Top