Брз рецепт за бомбици со ф’стаци

Состојки за бомбици од ф’стаци:
340 гр квалитетно темно чоколадо, 220 гр крем сирење, 150 гр грубо сечкани ф’стаци

Подготовка:
Извадете го сирењето од фрижидер да се загрее на собна температура за да може убаво да се соедини со чоколадото. Чоколадото исечкајте го на коцки и стопете го на пареа. Оставете го настрана да се излади малку. Измешајте го кремот додека не стане кремаст, а потоа измешајте го стопеното чоколадо. Префрлете го во сад кој можете добро да го затворите и оставете го во фрижидер најмалку два часа. Од смесата обликувајте топчиња и превртете ги сечканите ф’стаци. Оставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час да се стегнат.

Scroll to Top