Брз рецепт за печени батаци со сос за скара

Состојки:
800 грама поголеми компири, две лажици растително масло, 1 кг пилешки батаци, сол и црн пипер

За скара сос:
100 гр кечап, 2 лажици соја сос, 2 лажици мед

За прилог:
500 гр салата од зелка, 100 гр варена слатка пченка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220C (или 200C ако имате рерна со вентилатор). Неизлупените компири исечкајте ги на кришки, па измешајте ги во сад со масло, малку сол и многу бибер. Компирите наредете ги во тавата така што кората е свртена надолу, бидејќи на овој начин нема да треба да ги вртите за време на печењето. Печете ги 30 до 35 минути. Во друг плех ставете хартија за печење и наредете ги батаците. Зачинете ги со сол и бибер и ставете ги во рерна неколку нивоа над плехот со компирите за да циркулира топлиот воздух. Печете 20 минути. Во помал сад измешајте ги состојките со скара сосот. По 20 минути извадете ги батаците од рерна и убаво премачкајте ги со сосот. Вратете го плехот во рерна и печете уште 10-15 минути. Послужете го пилешкото со варена слатка пченка и зелена салата.

Scroll to Top