Брза и вкусна мусака без месо

Брза и вкусна мусака без месо е одлично решение доколку не сакате да поминувате премногу време покрај шпорет и ви треба лесен и едноставен ручек за целото семејство.

Состојки: 500 грама компири, 4 главици кромид, 2 јајца, 200 грама ситно солено сирење, чаша кисела павлака, 1 морков, 150 мл масло, 200 грама шампињони, 1 лажичка сол и бибер по желба.

Подготовка: Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Исчистете го кромидот и исечете го, па пропржете го додека не стане проѕирен. Потоа се додаваат ренданиот морков и сечканите шармпињони, па сето убаво се динстува со малку сол. Наредете ги компирите на дното на подмачкан сад за печење, а одозгора ставете го динстуваниот зеленчук. Повторно наредете ги компирите, а потоа изматете ги јајцата и измешајте ги кашкавалот и павлаката и покријте сè со тоа. Ако ви останале компири, завршете ја мусаката со уште еден ред. Истурете до две чаши вода. По желба можете да посипете со рендано сирење. Се пече најмалку половина час во загреана рерна на 200 степени.

Scroll to Top