Брза торта со бисквити и крем-банани

Потребни состојки:

За тесто:

300гр бисквити;
700мл павлака (20% масленост);
10 крем банани;
1-2 лажици шеќер во прав;

За фил:

150гр бело или црно млечно чоколадо;
100мл слатка павлака.

Начин на подготовка:

Бисквитите се кршат и се ставаат во длабок сад. Се додаваат исечкани крем банани, шеќер во прав и павлака. Состојките убаво се мешаат, а потоа се префрлаат во калап за торта. Во тенџере на рингла се загрева слатката павлака и пред да зоврие во неа се додава чоколадата. Со подготвениот фил се прелева готовата торта и се декорира со крем банани.

Scroll to Top