Состојки:
1 пакување бисквити
малку млеко
2 слатки павлаки
200 гр шеќер
2 кесички шлаг
600 гр јагоди
Подготовка:
Подгответе плех или тавче на кој ќе наредите се што е предвидено во рецептот. Наредете еден ред бисквити, па прелијте со малку млеко. Во сад истурете павлака и 200 гр шеќер, па измешајте за да се растопи целосно шеќерот.
Во друг сад изматете го шлагот. Добро измијте ги јагодите и извадете ги дршките. Ако се многу големи, исечете ги на половина или на четвртинки.
Наредете: бисквити, крем фил, јагоди, шлаг, бисквити, крем фил, јагоди и завршете со шлаг.
Целиот процес на подготовка не треба да трае подолго од 15 минути, но треба да ја оставите тортата неколку часа во фрижидер за да омекнат бисквитите и се убаво да се соедини.