Состојки:
3 зрели банани, 100 гр шеќер, 250 гр брашно, 5 лажици масло, 1 лажица прашок за пециво, 1 лажица цимет, прстофат сол, 100 грама сечкани бадеми или лешници.
Подготовка:
Изгмечете ги бананите со вилушка, а потоа додадете ги маслото и шеќерот и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво, цимет и сечкани бадеми. Ос смесата за мафини со лажица ставете во калапи кои претходно сте ги намачкале со масло. Се пече околу 25 минути во загреана рерна на 200 C.