Четири намирници кои стануваат токсични кога се чуваат во фрижидер

Иако фрижидерот ја одржува храната свежа, некои намирници не треба да се чуваат во него бидејќи може да станат токсични.

Докторката Димпле Џангда, која е специјалист за здравје на цревата, на Инстаграм објави дека овие намирници се лукот, кромидот, ѓумбирот и оризот и ги открила причините зошто е тоа така, пишува Index.hr.

Лук

„Лукот има ниска киселост, што го прави склон кон таложење на бактеријата Clostridium botulinum, која е еден од виновниците за ботулизмот“, предупреди таа.

Кромид

Кога ќе го ставите кромидот во фрижидер, скробот почнува да се претвора во шеќер и почнува да се формира мувла. Многу луѓе ја прават оваа грешка. Не правете го тоа“, апелираше Џангда.

Ѓумбир

Како и лукот и кромидот, ѓумбирот е подложен на мувла.

„Мувлата почнува да се формира многу брзо кога ѓумбирот ќе го ставите во фрижидер, а тоа е поврзано со откажување на бубрезите и црниот дроб. Не го правете тоа, предупреди Џангда.

Ориз

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа. Неварениот ориз може да содржи  Bacillus cereus, бактерија која може да предизвика труење со храна.

Бактеријата Bacillus cereus најдобро расте во температурен опсег од 4 до 48ºC. Во храната како оризот, бактериите можат да произведуваат токсини додека храната се лади, што доведува до симптоми како што се повраќање, дијареа и грчеви во стомакот. Симптомите може да се појават и неколку часа по јадење на расипан ориз, поради што е неопходно веднаш да се побара лекарска помош. Иако смртта е ретка последица, таа не е исклучена. Bacillus cereus може да расте во различни намирници со скроб, од ориз до тестенини.

Scroll to Top