Чизкејк со јаболка и цимет

Состојки: 2 кисели јаболка (околу 625 гр), излупени и исечени на парчиња, 150 гр путер плус путер за премачкување на калапот ,300 гр бисквити, 500 гр маскарпоне, 125 гр шеќер во прав, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка цимет, 150 ml павлака за шлаг.

Состојки за ронливата глаура: 125 гр брашно, 60 гр кафеав шеќер, 60 гр путер.

Подготовка:
Во тавче со кафеав шеќер ставете јаболка и додадете 2 лажици вода. Мешајте неколку минути на тивок оган додека не се растопи шеќерот, а потоа доведете ја течноста во тавата да зоврие, поклопете и оставете да се динста 4-5 минути додека не омекнат јаболката (погрижете се да не се преварат). Потоа процедете ги јаболката, оставете ги да се изладат и оставете го сирупот на страна.

Измелете ги бисквитите во процесор за храна или со кесичка и сукало додека не добиете фина смеса. Во бисквитите додадете го растопениот путер и мешајте додека состојките целосно не се соединат. Смесата притиснете ја во основата на калапот кој претходно сте го подмачкале и обложиле со хартија за печење и оставете да се излади.

Во поголем сад измешајте ги маскарпонето, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и циметот, а кога смесата ќе се соедини додадете го шлагот и мешајте додека не добиете густа конзистентност. Потоа во рамномерен слој намачкајте ја смесата врз бисквитната основа и ставете ја во фрижидер најмалку шест часа или изладете ја преку ноќ.

Сирупот создаден со варење на јаболката ставете го да зоврие, па оставете да се динста една минута. Истурете го во бокал, покријте го со фолија и оставете го да се излади. За ронливиот слој, загрејте ја рерната на 180 ° C, а плехот обложете го со хартија за печење. Во сад со прстофат сол ставете го брашното. Додадете ги путерот и шеќерот и тријте со врвовите на прстите додека смесата не наликува на крупни трошки. Распоредете го на подготвениот плех и печете околу 15 минути, додека не стане крцкав и златен. Оставете да се излади целосно на плехот. Време е за сервирање! Извадете ја тортата од калапот и потоа нанесете ги ронливите трошки. Додадете ги јаболката, па повторно преливот од трошките. Прелијте ја оваа вкусна слатка комбинација со сирупот што остана од готвењето на јаболката и уживајте.

Scroll to Top