Чоколаден сладолед со само две состојки

Состојки:

– 400 милилитри шлаг

– 400 грама чоколаден крем намаз

Подготовка:

Чоколадниот намаз истурете го во сад, а потоа прелијте со шлагот. Матете со миксер додека не добиете еднолична смеса.

Сладоледот ставете го во сад, потоа ставете го во замрзнувач да се олади околу четири часа или повеќе.

Можете да го сервирате со некои додатоци како шлаг, чоколадни парчиња или прелив.

Scroll to Top