Дали сте знаеле дека делот од телото којшто прв го туширате, кога влегувате во када може да открие многу за вас. Може да открие дали сте оптимист или песимист, но и какви сте во кревет.
Читајте и забавувајте се, но бидете подготвени да прочитате работи коишто можеби нема да ви се допаднат толку многу.
Гради
Ако прво го туширате овој дел од телото, вие сте практична и многу директна личност. Удобноста ви е најважната работа во животот, мразите кога некој ве вознемирува додека се обидувате да се концентрирате на нешто и немате ни најмало трпение за луѓето чии ставови се разликуваат од вашите.
Кога станува збор за сексот, вие сте добар партнер и сакате да пробувате нови работи. Најдобар партнер за вас е оној кој прво ја мие косата.
Лице
Парите ви се многу важни животот и подготвени сте на сè да ги имате. Интегритетот и гордоста не ви се важни во овој контекст, доколку е потребно, би ги искористиле вашите пријатели за да ја постигнете вашата цел. Честопати им е тешко на другите да ве разберат, но не ве интересира нивното мислење бидејќи сте многу егоцентрични.
Просечни сте во сексот затоа што сте прилично себични и важно ви е само сопственото задоволство. Најдобар партнер за вас е оној кој прв ја мие интимната зона.
Пазуви
Вие сте многу вредни и сигурни, генерално сте популарни меѓу луѓето затоа што сте приземни и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите. Понекогаш ова ве става во неволја бидејќи не знаете дали луѓето се добри со вас затоа што ве сакаат или сакаат да ве искористат.
Добри сте во кревет бидејќи се грижите партнерот да ужива исто како и вие, па се обидувате да му угодите. Најдобар партнер за вас е оној кој прв ги мие рамената.
Коса
Оние што ја мијат прво косата покажуваат дека се уметнички тип. Сонувањето е вашето хоби, па затоа можете да постигнете работи што повеќето луѓе не можат. Парите не ви се важни, а се дружите исклучиво со уметници и интелектуалци.
Вие сте одличен сексуален партнер бидејќи сакате да го истражувате и задоволувате својот партнер. Најдобар партнер за вас е оној кој прво ви ги мие градите или гениталиите.
Интимна област
Ви недостасува самодоверба, немате многу пријатели затоа што другите сметаат дека сте досадни. Лесно се откажувате од сè штом наидете на пречка, но кога станува збор за сексот, вие сте натпросечно добар партнер. Знаете како да ги покажете своите емоции, што не е случај со повеќето.
Најдобар партнер за вас се оние кои прво го мијат лицето или косата.
Рамена
Се чини дека среќата не е многу поволна во вашиот живот, па честопати доживувате неуспеси. Сакате сами да трошите време, не сте особено социјални, а парите и моќта ви се најважни.
Не сте многу добри во сексот затоа што не се грижите за задоволството на партнерот, а најдобриот партнер за вас е личноста која прво ви ги мие пазувите.
Останато
Вие сте прилично просечни. Имате внатрешна сила, но на луѓето им е тешко да го видат тоа. Малку повеќе треба да го негувате авантуристичкиот дух и да научите како да се „продавате“ себеси, бидејќи сте доста допадлива личност со малку недостатоци.
Просечни сте и во сексот, имате многу големи фантазии, но нема доволно храброст да ги внесете во телото. Ваш најдобар партнер е оној кој прв го мие лицето.