Десерт со сок и кора од лимон готов за 5 минути

Kрем од лимон кој се прави за помалку од пет минути и од едноставни состојки.
Состојки: 1 лимон (сок и кора), 220 мл слатка павлака, 250 гр јогурт со вкус на лимон, ликер од лимон

Подготовка: Изматете ја слатката павлака, па додајте ги кората од лимон и сокот од лимон. Соединете со миксер, па додајте јогурт и ликер од лимон по желба. Сервирајте во чаши, па оставете да се излади.

Scroll to Top