Џенифер Лопез на фановите им ја откри тајната за младешкиот изглед: Потребни ми се 10 часа добар сон

Пејачката и глумица Џенифер Лопез за шпанскиот весник „Марка“ ја откри тајната за убавиот изглед. Рече дека се труди да отспие барем минумум осум часа, а понекогаш ако може и повеќе.

„Потребни ми се 10 часа добар сон. Но, тоа кога и ако имам среќа и време“, рече за Маrcа.

Зборуваше и за нејзините навики и откри дека спиењето не ѝ било приоритет сè до инцидентот кој ѝ се случил во доцните деведесети. Објасни дека тоа било период кога спиела само три до пет часа во ноќта. За викендите снимала спотови, а во работните денови по целото време била ангажирана на сетовите.

„Тогаш бев во доцните двадесети и мислев дека сум непобедлива. Тоа беше така сè додека еден ден во приколката не приметив стрес кој во комбинација со недоволен сон, психички ме уништи“, објасни таа.

Подоцна откри дека имала класични напади на паника, предизвикани од исцрпеност. Рече дека не знаела за што точно станува збор, но потоа сватила дека и се потребни часови добар сон.

„Сватив колку опасни може да бидат последиците од игнорирањето на она што му треба на телото и умот“, рече Лопез.

 

Scroll to Top