Диета со јајца со која за 14 дена се симнуваат 10 килограми

Доколку сакате да изгубите килограми, диетата базирана на варени јајца може да биде вистинско решение за вас. Иако кај оваа диета е дозволен мал број производи, докажано е дека ваквиот режим на исхрана може да го забрза вашиот метаболизам и да ги согори масните наслојки.

Диетата со варени јајца трае 14 дена, а ако се придржувате строго до неа, килограмите што ќе ги изгубите нема повеќе да ви се вратат.

Со одреденото мени потребно е да пиете доста вода, што ќе помогне и при процесот на исфрлање отрови, а за уште подобри резултати, вежбајте барем половина час дневно.

Задолжително почитувајте ги овие три правила:

  • Никако не смеете да јадете брза храна;
  • Алкохолот и засладените пијалаци се забранети;
  • Намалете го внесувањето сол и шеќер на минимум.

Мени за првата недела:

Појадокот е ист секој ден: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, грејпфрут или цела мандарина).

Понеделник

  • Ручек: 2 помали варени компири и 2 јаболка.
  • Вечера: голема порција салата и парче пилешко.

Вторник

  • Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата.
  • Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца.

Среда

  • Ручек: нискомаслено сирење, 1 домат и сладок компир.
  • Вечера: салата по избор и парче пилешко.

Четврток

  • Ручек: овошје по избор.
  • Вечера: салата и пилешко варено на пареа.

Петок

  • Ручек: варен зеленчук и две јајца.
  • Вечера: салата и чадена риба.

Сабота

  • Ручек: овошје по избор.
  • Вечера: салата и пилешко варено на пареа.

Недела

  • Ручек: салата од домати, варен зеленчук на пареа и пилешко.
  • Вечера: варен зеленчук на пареа.

Мени за втората недела:

Појадокот е ист како и првата недела: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, грејпфрут или цела мандарина).

Понеделник

  • Ручек: салата и пилешко.
  • Вечера: портокал, салата и две варени јајца.

Вторник

  • Ручек: 2 варени јајца и зеленчук варен на пареа.
  • Вечера: салата и риба на скара.

Среда

  • Ручек: салата и пилешко.
  • Вечера: портокал, салата и две варени јајца.

Четврток

  • Ручек: зеленчук варен на пареа, малку немасно сирење и 2 варени јајца.
  • Вечера: салата од пилешко.

Петок

  • Ручек: салата од сардина.
  • Вечера: салата и 2 варени јајца.

Сабота

  • Ручек: салата и пилешко.
  • Вечера: овошје по избор.

Недела

  • Ручек: зеленчук варен на пареа и парче пилешко.
  • Вечера: исто така, зеленчук варен на пареа и парче пилешко.

Оваа диета речиси и да не содржи јаглехидрати и тоа е една од причините зошто би требало секому да му успее.

За секој случај, пред примената на оваа диета консултирајте се со својот лекар, дури иако нема да бидете гладни од ваквата исхрана, сепак во прашање е радикална промена, која може да влијае врз здравјето.

Scroll to Top