Диетата на Сузана Манчиќ со која ослабела 11 килограми за еден месец

Сузана Манчиќ важи за една од највпечатливите дами на српската јавна сцена. Мажите со децении ја ставаат на врвот на листата на најубави жени, но таа не е задоволна од својот изглед, односно килограмите.

Иако цел живот била на некои диети, конечно пронашла трик кој и помагал да се ослободи од вишокот килограми.

„Никогаш нема да заборавам. Бев на свадба. Кога ги видов фотографиите, бев многу лута на себе. Ги искинав сите слики и фала богу што ги немам“, рекла водителката.

Поранешната Лото девојка истакнува дека се здебелила најмногу поради начинот на живот на Грците, бидејќи вечераат доцна. Таа открива дека имала и до 89 килограми. Нагласува дека вишокот, особено за време на менопаузата, најмногу се собирал околу нејзиниот стомак. Така таа се свртела кон еден вид кето диета. Таа се состоела од два оброци во прав и вечера, што била  и идејата.

„Вечерата доаѓа како награда. Полна чинија мешавина од зелена салата, парче риба или стек“, изјавила Сузана.

Освен тоа, секое утро пиела топла лимонада, но и открила како додека била во Русија ги гледала московјаните дотерани се шетаат и јадат краставица.

Киселите краставици содржат голема количина на вода, протеини, многу малку масти и диетални влакна. Исто така, оваа кисела салата е богата извор на минерали, вклучувајќи железо, калиум, натриум и фосфор. Тие исто така содржат витамини, како што се витамините Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин.

Оваа храна, како што вели, и помогнала да ослабе 11 килограми за еден месец, а потоа сосема незабележливо уште четири и не престанува да го користи овој трик.

 

Scroll to Top