Диетата на Цеца со која ослабе 5 килограми

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ никогаш немала проблем со вишокот килограми. Таа исто така обожава да јаде разни специјалитети, па  се здебелила  околу пет килограми.

„Никогаш немав проблем со тежината, бидејќи генетиката ми е таква. Но пред некое време почнав да се дебелеам. Се соочив со себе и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво. Посетив одличен нутриционист кого го познавам со години преку заеднички пријатели“, рече Цеца за српските медиуми.

Таа мислела дека се храни здраво, но не била задоволна од тоа како изгледа во огледало, па направила некои промени на кои не ѝ било лесно да се навикне.

„Првата недела ми беше најтешка, бидејќи е многу важно во кое време јадеш. Не ми беше лесно да ги балансирам времето на оброците со моите работни обврски. Помеѓу секој оброк мора да поминат 3 до 4 часа. Но, сега ми е многу полесно“, раскажала пејачката.

Пејачката не воведе само промени во исхраната, туку и одеше на третмани со струја.

Менито на Цеца се состои од појадок, ручек и вечера.

Појадок: овесна каша со овошје и чиа семе
Ручек: риба и зелена салата
Вечера: напиток од тиква

 

Scroll to Top