Диетата со која Адел ослабе, покрај тоа што го чисти организмот и го забавува стареењето, советуваат нутриционистите

By

Диетата со која британската пејачка Адел ослабе голем број килограми, Sirtfood, покрај тоа што помага да го стопите салото, го чисти и организмот го забавува стареењето, велат експертите за здрава исхрана. Диетата иако го чисти организмот, го топи салото и го забавува стареењето.

dobivaj vesti na viber

Диетата Sirtfood е режим на исхрана кој го развиле британските нутриционисти Глен Матен и Ејдан Годинс, а која освен што помага за топење на мастите, го чисто организмот и го успорува стареењето. Овој режим станал популарен помеѓу познатите и наводно познатата британска пејачка Адел ослабела со оваа диета. Но покрај Адел и други холивудски ѕвезди го применуваат овој начин на исхрана, Гвинет Палтроу со оваа диета ја одржува линијата.

Главната состојка на оваа диета е типот на протеини кои ги штитаат клетките од пропаѓање, а некои истражувања откриле дека го забрзува метаболизмот и согорувањето на мастите и јазголемува мускулната маса. А оваа супстанца се добива со консумирање одредени намирници кои содржат ресвератол, како темно зрнесто овошје, цреши, јагоди, капини, малини боровници, соја, урми, кафе, какао, маслиново масло, хељда, чили пиперки, зелен чај, кељ, лук, рукола, кромид, црно вино, ореви, куркума. Во мала количина е дозволено да се јаде риба, пилешко и говетско месо.

Наведените намирници, според авторите на оваа диета, го активираат производството на сиртуин, што допринесува брзо губење на тежината без штета по здравјето. Нутриционистите ветуваат резултат од минус два до три килограми неделно.

Првата фаза од диетата трае седум дена и изградена е на принципот детокс исхрана. Во вториот дел од неделата исхраната треба да се состои од две порции зелен сок и два полни оброка.Третата фаза (наредните 14 дена) се состои од три полни оброци и една порција зелен сок во текот на денот.

 

Ќе ви се допадне