Пејачката Марија Шерифовиќ е решена да ја доведе линијата до совршенство. Иако не се осмелила да направи толку голема животна промена поради напорниот распоред, сепак решила сериозно да се посвети на својот изглед. Пејачката е редовна на тренинзите, а нејзиното мени е внимателно избрано. Резултатот е седум килограми помалку за еден месец.
„За појадок јадам палента, која е многу поубава кога се готви на путер, но сега ја јадам со вода и со неа земам младо сирење, кое има малку маснотии. Исто така, сакам овесна каша со јаболко, киви, бадеми, може и суви сливи. Понекогаш земам леб, што не го јадам често, ама е многу вкусен, со мисиркини гради, салата и домати или домашна пилешка паштета и сирење-намаз“, изјави Марија и истакна дека пилешкото е секогаш добар избор за ручек.
„Ако сакате готова храна, спасени сте. Јас не сакам грашок, боранија и пиперки, од имам тешкотии со варењето на храната. Јас сум осудена да јадам бифтек еднаш неделно, риба или неколку парчиња пилешко со сусам. Не јадам лосос, свински кременадли, мора и на тоа да се води сметка“, рекла пејачката.