Дињата помага во слабеењето и го намалува крвниот притисок

Нема подобро летно освежување од ладна диња исечена на коцки. Иако е слатка, дињата е зеленчук. Сè освен кората е за јадење, нејзините семиња се богати со омега-3 масни киселини.

Една порција диња околу 150 грама содржи, 53 калории, 0,3 g масти, 13 g јаглени хидрати, 1,4 g влакна, 30% од дневната количина на витамин А, 78% од дневната количина на витамин Ц.

Иако е многу слатка, дињата спаѓа во зеленчук кој е многу здрав благодарение на витамините и минералите (калиум, магнезиум, фолна киселина, фосфор). Богата е со антиоксиданси холин, зеаксантин и бета каротен, кои го штитат организмот од слободните радикали и го спречуваат развојот на многу болести, а особено се корисни за здравјето на очите.

Изобилството на витамин Ц го зајакнува имунитетот и помага во производството на колаген, кој ја одржува кожата млада и свежа. Истиот ефект го има и витаминот А, кој го содржи дињата. Содржи 90 проценти вода, што ја прави совршена храна за топлите летни денови.

Со оглед на тоа што содржи околу 10 проценти од дневната потреба за калиум, помага во регулирање на крвниот притисок, штити од кардиоваскуларни болести и спречува грчеви во мускулите. Калиумот, исто така, помага во одржување на балансот на електролити во телото и го намалува задржувањето на водата.

Покрај вода, дињата содржи и многу влакна. Тие се важни за варењето на храната. 

Scroll to Top