Додатоци во исхраната кои може да бидат опасни за здравјето на бубрезите

Додатоците во исхраната често се сметаат за едноставен и ефикасен начин за подобрување на здравјето. Иако ова може да биде точно во многу случаи, важно е да се запамети дека ниту еден додаток не е чудотворно решение и дека многу од нив носат потенцијални ризици.

Особено е важно да се внимава со сумплементите во исхраната кога се земаат во комбинација со други лекови или дури и со други додатоци. Иако некои суплементи се безбедни сами по себе, одредени комбинации може да бидат опасни, особено за здравјето на бубрезите.

Земањето додатоци во високи дози или комбинирањето на погрешни суплементи може да претставува сериозен ризик за телото.

Доктор Шон Ормонд предупреди на една комбинација: тврди дека земањето големи дози на витамини К и Е заедно може да го зголеми ризикот од згрутчувања на крвта и проблеми со бубрезите.

Витаминот Е и витаминот К можат да бидат корисни сами по себе бидејќи и двата играат клучни улоги во телото. Витаминот К помага за зајакнување на коските и кај згрутчувањето на крвта, додека витаминот Е е важен за здравјето на мозокот, репродуктивното здравје и видот. Иако овие витамини најдобро се добиваат преку исхраната, суплементацијата може да биде добра опција доколку ни недостасуваат хранливи материи од храната.

Меѓутоа, проблемот настанува кога консумираме големи дози од двата витамини заедно.

Scroll to Top