Докторка објасни зошто не треба да се дупчат ушите на бебињата

Докторката Тања Елиот неодамна на својот Инстаграм профил сподели зошто на децата не треба да им се дупнат ушите додека се уште се бебиња.

Дали треба да се дупчат ушите на децата – тоа е прашање со кое секогаш  има поделени мислења меѓу  родителите, но сега добивме објаснување од експерт зошто тоа не треба да се прави, барем во раните фази.

Тања Елиот на својот Инстаграм профил сподели видео во кое наведува три работи кои никогаш не би им ги направила на децата како докторка и мајка, а една од нив е пирсинг на уво во најраниот период од животот. Како што изјавила, ова е една од најчестите причини зошто многу луѓе имаат алергија на никел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tania Elliott (@drtaniaelliott)

„ Запомнете, никелот е присутен во нерѓосувачкиот челик, среброто и златото под 14 K, но и во многу храна“, објасни таа.

 

Scroll to Top