За време на топлото жешко време, важно е да пиете доволно течности. Затоа убаво е да пробате да си направите сопствен чај со вкус на праска!
Ледениот чај е лесен за правење. Можете да го подготвите од омилениот зимски чај, којшто само треба да го изладите и да му додадете мраз. Исто така можете да експериментирате со правење комбинации со свежо сезонско овошје и цитрус.
Неговата најголема предност во однос на купените производи од овој вид е тоа што е целосно се природни и здрави, без вештачки бои, адитиви и конзерванси.
Водата ја ставаме во касерола, до точка на вриење, а потоа огнот го исклучуваме. Ставете чај во водата и исцедете го по 5 минути. Засладете го со мед по вкус и оставете да се излади.
Исечете ги праските и додајте ги во чајот. Додадете и фелчиња и сок од лимон. Оставете во фрижидер преку ноќ. Послужете го следниот ден со или без праски со многу мраз и неколку парчиња лимон, ливчиња свежо нане.