Домашен сладолед од банана

Состојки:
2 банани со средна големина, исечени на парчиња, 60 грама путер од кикирики, 400 грама грчки јогурт, 60мл. млеко по ваш избор, 1 лажица мед, 2 лажички екстракт од ванила, 80г. чоколадо стопено, сечкани кикирики по желба

Подготовка:
Измешајте ги бананите, путерот од кикирики, грчкиот јогурт, млекото, медот и екстрактот од ванила во блендер се додека не се изедначи. Ако смесата е премногу густа, додадете уште малку млеко. Ако сакате да биде поблаг десертижот, додадете уште малку мед. Смесата поделете ја во калапи за сладолед, лесно протресете ги да не остане воздух, ставете стапчиња и ставете во замрзнувач 4 до 5 часа. Кога сладоледот е готов за послужување, ставете ги калапите под млаз топла вода околу 5 секунди за да може лесно да се извадат.

Scroll to Top