Домашни ванилици со ореви и џем

Состојки:

Тесто: 250 гр маснотии, 3 лажици шеќер, сок од половина лимон, 400 гр меко брашно, 50 гр мелени ореви, џем по желба, 1 кесичка ванилин шеќер и 150 гр шеќер во прав.

Подготовка:
Замесете тесто и веднаш развлечете го со дебелина од половина сантиметар. Со модли исечете ги ванилиците и ставете ги во плех што не треба да се подмачкува. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат. Ванилиците се оставаат во плехот малку да се изладат, па со џем се спојуваат по две. Измешајте го ванилиниот шеќер со шеќерот во прав и посипете ги колачињата.

Scroll to Top