Неодолива егеј-торта со плазма, чоколадо и ореви. Одлична е за родендени, разни прослави, но и за секојдневно засладување. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кори х 3: 5 белки, 10 лажици шеќер, 5 лажици мелена плазма, 5 лажици мелени ореви, 1/3 кесичка прашок за печиво.
За фил: 500 мл млеко, 5 лажици густин, 15 жолчки, 200 г шеќер, 300 г путер/маргарин, 50 г шеќер во прав, 300 г шлаг, 600 мл газирана вода, 100 г млечно чоколадо, 100 г бело чоколадо, 150 г сечкани ореви, 150 г плазма кекс.
ПОСТАПКА за рецепт 1: Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот и матете додека тој да се растопи и добиете цврст снег. Со лажица помешајте ги плазмата, оревите, прашокот за печиво и додајте ги во белките.
Бавно мешајте додека да се изедначи, па распоредете во обложен плех 34х25 см и печете во претходно загреана рерна на 170 степени, 20-тина минути.
За фил: од половина литар млеко одземете малку за да го растворите густинот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Додајте го густинот и варете со непрекинато мешање додека да згусне исто како пудинг.
На пареа сварете 15 жолчки со 200 г шеќер: најпрво пенасто изџматете ги со миксер додека шеќерот да се растопи и да добиете густа и светла смеса, па матењето продолжете го врз сад со пареа, 15-тина минути. Оставете да се олади.
Пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па соединете го со шеќер во прав. Додајте го оладениот пудинг од густин и жолчките, па сето соединете го.
Во филот додајте сечкани ореви, мелени или ситно изронети плазма кекси, млечното и белото чоколадо, па промешајте до соединување. Посебно изматете 100 г шчаг со 200 мл газирана вода.
РЕДЕЊЕ: кора – фил – шлаг – кора – фил – шлаг – кора. Остатокот од шлагот изматете го и обложете ја целата торта. Декорирајте по желба и вкус. Следи вториот рецепт:
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кори: 14 белки, 22 лажици шеќер, 14 лажици мелен бисквит плазма. За фил 1: 14 жолчки, 250 грама шеќер, 100 грама чоколадо за готвење, 200 грама сечкани ореви, 200 грама кршена плазма
За фил 2: 5 лажици кристален шеќер, 5 лажици брашно, 1/2 литар млеко, 250 грама путер или маргарин, 250 грама шеќер во прав. За декорација: шлаг крем или по ваш избор
ПОСТАПКА (рецепт 2) за приготвување на корите: во длабок сад изматете 7 белки додека да станат пенасти, па постепено додајте 11 лажици шеќер и матете додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.
Потоа бавно со лажица измешајте 7 лажици мелени плазма бисквити. Подготвената смеса распоредете ја во калап за колачи обложен со хартија за печење и печете 30-тина минути. На ист начин направете уште една кора.
ПОСТАПКА за приготвување на фил 1: изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да осветли и стане кремаста, па додајте стопено чоколадо, сечканите ореви и кршена плазма. Измешајте сè и оставете го во фрижидер да се стегне.
ПОСТАПКА за приготвување на фил 2: измешајте ги шеќерот, брашното и млекото, па варете со непрекинато мешање додека смесата да згусне. Оставете настрана да се олади со повремено промешување за да не фати коричка. Посебно се матат путерот и шеќерот во прав, па се соединуваат со изладениот пудинг.
Финална постапка: првата кора вратете ја во калапот за колачи, прекријте ја со половина од филот за пудинг. Кога ќе се стегне нанесете го кафеавиот фил, а преку него повторно филот со пудинг.
Над нанесените филови ставете ја втората кора, па обложете ја целата торта со шлаг и декорирајте по желба.