Газирани и зашеќерени пијалоци го забрзуваат стареењето

Луѓето постојано трагаат по еликсирот за долговечност, здрав живот и младешки изглед. И покрај тоа што кремите против стареење и други трикови можат да помогнат, всушност треба да се избегнуваат доколку не сакаме да го забрзаме процесот на стареење и појавата на нови брчки.

Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалок кој ве тера да стареете многу побрзо, а ако се откажете од него, можете да си помогнете да го забавите предвременото стареење.

Според истражувачите, нема полош пијалок од зашеќерените газирани пијалоци.

Не само што пиењето на овие пијалоци носи поголем ризик од зголемување на телесната тежина и одредени болести, истражувањата покажуваат дека тие дури можат да влијаат на телото на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво, побрзо стареење.

„Редовното консумирање на газирани сокови засладени со шеќер може да ве изложи на ризик за различни болести како што се дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе“, вели д-р Ејми Гудсон.

„Редовното консумирање засладени газирани пијалоци може да влијае на развојот на болест, не само со напрегање на метаболичката контрола на шеќерот во телото, туку и преку забрзано клеточно стареење на ткивата“, објаснл авторот на студијата, д-р Елиса Епел, професор по психијатрија во UCSF.

 

Scroll to Top