Готвачот на Џеј Ло ги открива тајните за нејзиното совршено тело

Џенифер Лопез има 54 години, а има топ тело. Изглед како нејзиниот бара дисциплина, вежбање и здрава исхрана. Нејзиниот готвач, Келвин Фернандез откри дел од нејзините здрави навики, со кои го постигнува саканиот резултат, прочитајте ги во продолжение:

„Во кујната секогаш ќе најдете минерална вода и многу зеленчук и овошје, посебно јагоди. Џеј Ло не е голем љубител на овошје, а децата го обожуваат. Алекс Родригез на пример, сака кога денот ќе му започне со зелено смуди од многу зеленчук. Лопез, Родригиез и нивните деца, најчесто појадуваат јајца, а сланината е задолжителен дел од тој оброк. Понекогаш знаат да се одлучат за пилешко или колбаси, но задолжително со јајца. Посебно им се важни белките. Тие се тим кој многу добро знае кога што се јаде“ – објаснува готвачот за „Ју-Ес Викли“.

На децата им е дозволено да посегнат по некоја не така здрава „грицка“, додека на нивните родители тоа речиси и да им е забрането. Но, постои нешто на што целото семејство не може да одолее:

„Тоа е мексиканската кујна. Еден ден во неделата задолжително е посветен на таквата храна. Наречен е „такос ден“.

Меѓутоа, кога пејачката ја очекува некој посебен настан, како што беше на пример финалето на „Супер боул“, тогаш се придржува на друг тип исхрана.

„Нејзината тајна е во спартанската дисциплина. Таа е во состојба да грицка белка од јајце или да бдее над чинијата со салата додека остатокот од семејството јаде вкусна храна и не ѝ пречи да ги гледа. Додека се подготвувавме за „Супер боул“, во појадокот, ручекот и вечерата морав да ги вклопам и едноставните и комплексните јаглехидрати. Џенифер се хранеше со белки со три различни видови зеленчук секое утро“, споделува готвачот.

Тој додава дека зеленчукот е нешто без што таа не може да  го замисли денот, а омилени ѝ се краставиците, целерот и спанаќот. Пие многу минерална вода.

„Многу е упорна. Кога нешто ќе замисли, тоа мора да го оствари. Кога сака нешто здраво, строго се придржува кон тоа. Таа вежба речи си секој ден и тоа секогаш наутро, бидејќи тогаш има најмногу волја, а најчесто во друштво на личен тренер“, вели Фернандез.

Кружни тренинзи, кик-бокс, танц… пејачката не поднесува рутина, па ги комбинира различните вежби секоја недела. А кога на тоа ќе ја додадете и здравата исхрана, богата со протеини и влакна, како што објасни и готвачот, тука се и резултатите.

 

 

 

 

Scroll to Top