Гурабии со орев

Потребно:

700 гр брашно

250 гр маргарин или маст

150 гр шеќер во прав

1 јајце

150 гр толчени ореви

1 пециво

1 чашка узо

кора и сок од 1 лимон

1 ванила

Подготовка:

Од сите состојки се замесува тесто.Се остава да одмори и потоа се сучи кора со дебелина од 5мм.Со чашка ракиена се вадат месечинки.Се печат на 180С-10мин да останат бледи.Се увалкуваат топли во прав шеќер.

Scroll to Top