Шведскиот бренд за мебел и домаќинство ИКЕА го откри оригиналниот рецепт за популарните шведски ќофтиња што се продаваат во нивните ресторани.
Потребни состојки:
500 грама мелено говедско месо
250 грама мелено свинско месо
1 кромид ситно сечкан
1 чешне лук
100 грама лебни трошки
1 јајце
5 лажици млеко
сол и црн пипер
крем сос:
малку масло
40 грама путер
40 грама брашно
150 мл супа од коцка од зеленчук
150 мл супа од говедска коцка
150 мл бешамел сос/павлака за готвење
2 лажички соја сој
1 лажичка сенф
Начин на подготовка:
Спојте ги говедското и свинското месо и измесете ги со рацете. Додадете го ситно исечканиот кромид, лукот сечкан ситно, лебните трошки, јајцето и спојте ја смесата. Потоа додадете го млекото и зачинете добро со сол и црн пипер. Обликувајте мали топчиња. Ставете ги на чинија, покријте ја и оставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа.
Во тава загрејте го маслото, па испржете ги ќофтињата за да станат кафени од сите страни. Ставете ги во тава со капак и печете ги во рерна на 180 степени уште 30 минути.
Во меѓувреме подгответе го сосот. Растопете 40 гр путер во тава. Додадете 40 гр брашно и мешајте околу 2 минути. Додадете ги супите од коцка од зеленчук и говедска коцка и продолжете да мешате. На крајот ставете 150 мл бешамел сос или павлака за готвење, 2 лажички сос од соја и 1 лажиче сенф. Оставете да зоврие за да се згусне сосот.
Ќофтињата со сос можете да ги послужите со компири.