Јагодите се богати се со витамини Ц и Б6, а една шолја јагоди содржи само 49 калории. Го намалуваат ризикот од срцев удар и се добри против високиот крвен притисок, артритис и срцеви заболувања. Боровинките и јагодите, како и другото црвено овошје и зеленчук, содржат висока концентрација на антоцијани – флавоноиди кои го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат функцијата на крвните садови.
Капините, малините, јагодите, боровинките и другите бобинки се вредно оружје во борбата против ракот, но и во неговото лекување. Ова овошје содржи елагична киселина, за која е докажано дека го забавува растот на туморот и ги уништува клетките на ракот. Јагодите помагаат во забавување на растот на клетките на туморот на црниот дроб и го забавуваат стареењето на мозокот.
Јагодите се меѓу видовите на овошје кое е најбогато со витамин Ц, кој помага не само за детоксикација, туку и за надминување на пролетниот замор.
Богати се со растителни влакна, поради што може значително да ви помогне да ги намалите килограмите. Една рака јагоди има само 49 калории, а помагаат во борбата против вишокот килограми бидејќи содржат хранливи материи кои го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот, а помагаат и во контрола на нивото на шеќер во крвта.
Конзумирањето на јагоди ќе ви помогне да ги направите вашите заби да изгледаат побели, а за да го подобрите ефектот, можете да ги втриете на забите и потоа нежно да ги отстраните остатоците. Од јагоди можете да направите и пилинг за стапала.