Кифли со мед и ореви

Состојки:
210 гр брашно, 140 гр путер, 1 ванилин шеќер, 25 гр шеќер, 1 јајце, 75 гр мелени ореви, 40 гр мед.

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте ги со рацете. Завиткајте во проѕирна фолија и ставете во фрижидер од половина час до еден час.

Од тестото направете ролат, па поделете го на четири еднакви делови. Секој дел превртете го со раце во помал ролат со дебелина од околу 1,5 сантиметар, а потоа исечете мали парчиња исто така дебели околу 1,5 сантиметар. Одделете, па формирајте форма на ролат. Наредете ги во голем плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени 10 до 12 минути.

Топлите кифлички се тркалаат веднаш во шеќер во прав.

Scroll to Top