Ќофтиња со туна и моцарела

Потребни состојки:

300 грама конзервирана туна
200 грама крем сирење
200 грама рендана моцарела
1 јајце
3 лажици лебни трошки и лебни трошки за пржење на топчињата
сол, бибер, магдонос и копар

Начин на подготовка:

Изматете го јајцето и додадете ги крем сирењето и ренданата моцарела. Во смесата додадете ја добро исцедената туна и зачинете. Додајте ги лебните трошки, убаво измешајте ги состојките и формирајте топчиња со големина на орев. Пржете ги топчињата додека не поруменат од сите страни. Ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги со вашиот омилен сос или салата.

Scroll to Top