Колач со јаболка и гриз

Состојки: 2 чаши (2 dcl) брашно,  2 чаши гриз,  1 прашок за пециво,  1 чаша шеќер, 1 ванилин шеќер.

За полнење: 1 – 1,5 кг јаболка,  1 ванилин шеќер,  цимет,  0,5 чаши шеќер, 150 гр путер.

Подготовка: Во брашното истурете прашок за пециво, гриз и шеќер, измешајте сè и поделете го на 3 еднакви дела. Изрендајте јаболка и измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот, па поделете ги на 2 еднакви дела. Јаболката не ги цедете бидејќи нивниот сок ќе го натопи тестото и ќе стане меко при печењето. Намачкајте го плехот за печење со масло или путер, па наредете ги состојките во него. Најпрво се става смесата со брашно и се израмнува, па се додава едната половина од филот од јаболкото, па повторно смесата со брашно одозгора, па се израмнува и се стиска. Додадете го вториот дел од филот со јаболка, па преку него преостанатиот дел од смесата со брашно. Сè убаво израмнете. Преостанатиот путер изрендајте го преку колачот. Печете го колачот околу 45 минути на 180 степени.

Scroll to Top