Во текот на топлите, летни денови ништо не годи како лесна салата која ем брзо се подготвува, ем не го оптоварува варењето и ни дава енергија.
Една таква ќе ви ја претставиме денеска, а еве како да ја подготвите, а да не потрошите повеќе од 15 минути.
Сè што ви е потребно се тестенини, малку зеленчук, зачини.
Состојки:
– 1 пакетче тестенини;
– чери домати;
– 1 краставица;
– малку варени леблебии;
– рукола;
– парче фета сирење;
– 1 лимон;
– малку спанаќ;
– сол, бибер, маслиново масло;
– исечкан магдонос.
View this post on Instagram
Подготовка:
Пастата ставете ја да се вари околу 7-8 минути, а потоа исцедете ја и оставете ја да отстои во ладна вода. За тоа време исечкајте го зеленчукот, па исцедете ги тестенините и ставете ги во сад со капаче.
По тестенините во чинија ставете го исечканиот зеленчук, додадете ги леблебиите и сите останати зачини. Измешајте, проверете дали се доволно солени. Доколку е потребно додадете уште малку зачини, па оставете ги кратко во фрижидер да се изладат.
Доколку повеќе преферирате да јадете топли тестенини, веднаш може да почнете да ги јадете.