Потребни состојки:
2 главици кромид
100 мл масло
1 лажица сув зачин
малку сол
половина лажичка бибер
лажица сушен магдонос
босилек или друг зачин по желба
200 мл неутрална павлака
100 гр кое било тврдо сирење
100 мл вода
Начин на подготовка:
Загрејте го маслото, а потоа додајте го изренданиот кромид. Се динстува на тивок оган и се додава малку сол за да се исцеди водата. Кога течноста ќе испари, додајте малку вода и почекајте уште еднаш да испари. Кога кромидот ќе порумени, вклучете ја рерната на 200 степени. Излупете го и исечете го на тенки ливчиња. Во подмачкан огноотпорен сад ставете половина од кромидот, наредете косо слој од компири, еден на половина од друг. Одозгора ставете го остатокот од кромидот и уште еден слој компири. Измешајте неутрална павлака, зачини, рендано сирење и вода и прелијте ги компирите. Покријте со фолија, печете околу еден час, на крајот извадете ја фолијата за компирите убаво да се запечат однадвор и да останат кремасти однатре.