Кревањето тегови игра голема улога во процесот на слабеење: ги согорува мастите и ги зајакнува коските

Популарноста на кревањето тегови се зголемува, а поради неговата ефикасност, овој вид на вежбање се смета за еден од најздравите кои придонесуваат за брзо слабеење.

Кревањето тегови ги согорува мастите, а исто така придонесува за намалување на крвниот притисок, холестеролот, стабилизирање на шеќерот во крвта, зајакнување на коските, силата и брзината, а помага и за намалување на поткожното масно ткиво и зголемување на мускулната маса.

Доколку сакате да ослабете додека правите вежби со тежина, корисно е движењата да ги изведувате од почеток до крај и да не ги прекинувате нагло.

Дополнително, треба да ги дефинирате вежбите и бројот на серии со кои со текот на времето ќе го зголемувате бројот на повторувања и тежината на теговите, а корисно е да правите кратки паузи помеѓу сериите.

Се советува да не претерувате со тежината.

Ако вашата цел е да го намалите вишокот килограми, корисно е да знаете дека континуитетот е поважен од тежината на тегови.

Кревањето тегови го забрзува метаболизмот и согорува калории, бидејќи мускулите бараат повеќе калории за одржување на нормалната телесна тежина отколку маснотиите.

За да ја изберете идеалната тежина за вашите тегови, препорачливо е да изберете тежина што можете да ја кренете 20 пати. Кога ја изведувате оваа вежба, важно е да го предизвикате вашето тело, но во рамките на вашите можности.

Според тоа, корисно е да се постават умерени, но остварливи цели.

Ако вашата цел е да изгубите тежина додека градите мускули, треба да ја прилагодите вашата исхрана.

Треба да се храните здраво, да јадете доволно протеини, зеленчук и овошје. Намалете го внесот на масна храна и висококалорична храна.

Се препорачува да пиете само вода или незасладени пијалоци, а избегнувајте енергетски пијалоци кои се богати со шеќер.

Scroll to Top