Крцкави модри патлиџани во рерна готови за 30 минути

Искористете ја сезоната на модар патлиџан и направете вкусен ручек од овој одличен зеленчук. Наместо да ги пржите во масло, употребете мал трик и направете крцкав ручек во рерна.

Состојки за крцкав модар патлиџан: 450 гр модар патлиџан, 250 гр презла, 70 гр брашно, 30 гр рендан пармезан, 3 супени лажици маслиново масло, 2 големи јајца, 1 лажица мешавина од медитерански зачини сол и црн пипер по вкус.

Подготовка на крцкави модри патлиџани: Модрите патлиџани исечкајте ги на фелчиња дебели околу 1 сантиметар. Добро посолете ги и ставете ги во чиста памучна крпа околу половина час. Солта треба да го извлече вишокот вода од модриот патлиџан. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Во еден сад изматете ги јајцата, во друг ставете го брашното, а во третиот трошките измешани со медитерански зачини, малку црн пипер и рендан пармезан. Користете памучна крпа за да го исцедите вишокот вода од солените парчиња модар патлиџан. Вака подготвените фелчиња од модар патлиџан валкајте ги во брашно, јајца, а потоа во смесата со презла. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки. На подмачкан плех ставете ги подготвените модри патлиџани во еден слој и вратете ги во рерна. Печете околу 20 минути додека долниот слој од модар патлиџан не добие крцкава кафеава кора. Превртете ги парчињата и печете уште 10 до 20 минути.

Scroll to Top