Куглов со чоколада и лешници

Состојки:
3 јајца, 250 гр путер (растопен на собна температура), чаша шеќер, чаша брашно, 1 прашок за пециво, 100 гр чоколадо за готвење, 2 лажици екстракт од ванила, неколку лажици млеко, шолја мелени лешници (може ореви или бадеми), 2 лажици масло.

Подготовка:
Убаво изматете ги путерот, шеќерот и јајцата. Полека додадете брашно и прашок за пециво и млеко. Во смесата се додаваат лешниците и претходно растопената чоколада со масло. Се убаво измешајте, истурете во калап и печете во загреана рерна на 200 околу 40 минути. Проверете со чепкалка дали е готово.

Scroll to Top