Лиснати кифли со џем

Потребни состојки:

4 јајца
500 гр брашно
1 лажичка квасец
вода по потреба
1дл масло
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво250 гр маргарин
џем по желба
шеќер во прав за поросување

Начин на подготовка:

Измешајте го квасецот со шеќерот и малку топла вода и оставете 5-10 минути. Во садот истурете брашно, прашок за печиво, сол и измешајте. Додадете го активираниот квасец, јајцата и маслото, па замесете тесто. Покријте и оставете да отстои. Потоа измешајте и поделете на шест дела. Расукајте ги петте дела и секое тесто посипете го со рендан маргарин. Корите наредете ги една врз друга. Потоа истегнете ја шестата кора и ставете ја најгоре. Врз неа оди маргарин. Расукајте го тестото за да добиете тенка кора, исечете на триаголници и филувајте со џем. Печете на 200 степени додека не порумени. Кога ќе бидат печени и остинати, кифлите поросете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top