Лубеница за појадок: тајната за младешкиот изглед на Шерон Стоун

Актерката Шерон Стоун остана запаметена по бројните улоги, особено по онаа во „Ниски страсти“, каде што стана тивко страдање на многу мажи.

Шерон Стоун денес и на 66 години привлекува внимание каде и да се појави. За црвениот тепих и големите настани, таа секогаш избира смели тоалети кои и пркосат на нејзините години и одлично и прилегаат.

Тајната на нејзиниот младешки изглед лежи во исхраната и редовната физичка активност. Денот започнува со комбинација на необични намирници, а основата на нејзиниот појадок е лубеницата.

“Мојот омилен појадок е лубеница со фета, нане и маслиново масло, и сол и бибер. Исто така сакам да јадам тост без глутен и да пијам билен чај”, рекла Шерон.

Една студија спроведена во Флорида покажа дека лубеницата го намалува високиот крвен притисок кај дебелите луѓе, дури и кога се изложени на студено време, и може да го намали ризикот од срцев удар. Превенцијата е и за разни болести.

Scroll to Top