Состојки:
– 130 гр свеж спанаќ
– 250 гр брашно
– 2 мали лажици прашок за пециво
– 250 мл млеко
– 60 мл масло
– 150 гр фета сирење
– 2-3 млади главици кромид
– 2 јајца
– сол и црн пипер
Подготовка:
Подгответе 12 калапи за мафини и намачкајте ги со малку масло. Спанаќот исечкајте го што поситно, а кромидот по желба. Потоа додадете ги сите останати состојки.
Посолете, ставете бибер и убаво измешајте додека се убаво не се соедини.
Тестото поделете го во калапи и печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути. Послужени со јогурт.