Состојки:
130 гр путер растопен на собна температура, 100 гр бело чоколадо, 3 јајца, 150 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 350 гр брашно, 2 лажички прашок за пециво, 140 мл крем за готвење, вишни, количина по избор.
Подготовка:
Подгответе 12 калапи за мафини. Се матат путерот и шеќерот додека не се растопи целиот шеќер, па се додава целото јајце едно по едно со постојано матење.
Потоа додадете брашно измешано со прашок за пециво и ванилин шеќер. Додадете го кремот за готвење, па матете додека не се соедини.
Додадете ситно сечкано бело чоколадо и вишни, па нежно измешајте со лажица. Наполнете ги калапите со смесата и печете на 180 степени околу 25 минути.