Потребни состојки:
1 карфиол
2 средни главици кромид
300гр печурки
120гр растителен кашкавал
250гр посна павлака
Лук во прав
Оригано
Начин на подготовка:
Карфиолот исечете го на цветови и ставете го во посолена вода што врие. Извадете го штом малку омекне, исцедете го од водата карфиолот и ставете го во огноотпорен сад. На тавче со малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете ги исчеканите печурки. Додадете го зеленчукот во садот кај карфиолот. Потоа додадете ја павлаката, па наросете од лукот во прав и ориганото, а по желба може да додадете и други зачини. Убаво измешајте ги сите состојки, па одозгора распоредете го растителниот кашкавал. Печете во рерна на 180 степени, околу половина час. Послужете ја топла.