Мусака со мелено месо и карфиол

Состојки:
250 гр мелено месо, 1 главица карфиол, 2 моркови, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 2 чаши павлака, 3 јајца, магдонос, бибер, сол, 150 гр сирење

Подготовка:

Морковите изрендајте ги, па пропржете ги со црн бибер и лук. Додадете го меленото месо, зачините и сè заедно пропржете додека не добие убава боја.

Карфиолот измијте го и исчистете го, па исечете го на помали парчиња.

Садот во кој ќе ја печете мусаката подмачкајте го со масло, ставете еден ред карфиол, па меленото месо со моркови и одозгора преостанатиот карфиол.

Измешајте павлака со јајца, посолете и прелијте со мелено месо. На крајот посипете со рендано сирење.

Печете околу 40 минути.

Scroll to Top