Намаз од варени јајца и павлака

Преостанатите варени  јајца од Велигден преостанатите,  може да ги искористите за да направите домашната паштета.

Вкусниот намаз брзо се подготвува, а е одличен избор за појадок со свеж домашен леб или мафини.

Потребни се 8 варени јајца, 3 лажички павлака, 2 чешњиња лук, 2 лажици сенф, сол, бибер, малку млад кромид и зачини по ваш вкус.

Најпрво излупете ги јајцата, исечкајте ги, ставете ги во сад и изгмечете ги со вилушка. Додадете ја павлаката, сенфот, солот, биберот, ситно сечканиот лук и зачините по вкус и измешајте. Намазот може да го мачкате на кришка леб.

Scroll to Top