Напиток од цитрон и рузмарин за детоксикација на организмот

Ладен напиток за жешки денови, а кој може многу лесно да го направите дома. Ова е вистинското време од годината кога треба да преземеме чекори за да се чувствуваме подобро и побезбедно во костими за капење.

Нискокалоричен напиток одличен за забрзан метаболизам и детоксикација на организмот. 

Напиток од црвен цитрон и рузмарин
Комбинацијата од црвен цитрон и рузмарин е вистинска ерупција на здравјето. Витаминот Ц помага за детоксикација на телото и го намалува холестеролот, а рузмаринот го чисти црниот дроб, го подобрува варењето и го зголемува протокот на крв.

Сварете една шолја вода со една кафена лажичка од свеж рузмарин и една лажица мед. Намалете ја топлината и варете 15 минути. Процедете ја смесата и оставете да се излади. Во изладената течност додадете го сокот од еден грејпфрут, а може да додадете и коцки мраз.

Scroll to Top