Омилениот колач на Кејт Мидлтон со путер и урми

Потребни состојки:

За преливот:

½ шолја кафеав шеќер
1 шолја путер
½ шолја слатка павлака

За колачот:

170гр урми (сечкани)
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
240мл зовриена вода
60гр путер
170гр шеќер
225гр црно чоколадо
1 јајце
230гр брашно
1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

За да го направите преливот, во тенџере загрејте го кафеавиот шеќер, путерот и слатката павлака на висока температура со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го садот од рингла.

Во чинија ставете ја зовриената вода врз исечканите урми и сода бикарбоната и убаво измешајте. Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер во друг сад изматете го шеќерот и путерот додека не добиете пенеста структура (околу 3 минути). Додадете го јајцето и екстрактот од ванила и мешајте додека сè не се соедини. Додека мешате, полека додавајте брашно, прашокот за печиво и смесата со урмите. Сè заедно ставете во спремен сад за колачот. Покријте го садот со хартија за печење, а потоа со едно слој алуминиумска фолија. Печете во рерна помеѓу 30-40 минути. Кога е печен колачот, со лажица извадете парче и сервирајте го на чинија. Колачот прелијте го од подготвениот прелив. По желба може да додадете и шлаг и свежо овошје.

Scroll to Top